Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукоски појасни што ќе се заштити со амандманите

Мукоски појасни што ќе се заштити со амандманите

Пратеникот Крсто Мукоски од новата пратеничка група произлезена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево изјави дека се надева дека утре рано Владата ќе го достави документот до Собранието со текстот на амандманите. 

Барањата се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорот во случај Грција да не го ратификува.

„Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото “, рече Мукоски.

Тој е благодарен што власта има слух за нивните барања. 

Осумте пратеници кои помогнаа да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени, попладнево беа на координација со премиерот Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести