Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукоски: Нема основа за притвор, но оставаме судот да цени

Мукоски: Нема основа за притвор, но оставаме судот да цени

Нема основа за притвор, но сепак судијата ќе го има крајниот збор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски пред да влезе на распит пред судија на претходна постапка за настаните од „крвавиот четврток“ во Собранието.  

„Нема основа за притвор, но оставаме судот да цени и да го каже последниот збор“ – рече Мукоски.

Мукоски вели дека редовно се јавувал во судот и дека верува во правдата. Освен Мукоски во судот дојдоа и пратенциите Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, а треба да дојдат и Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Основното обвинителство за организиран криминал и за корупција ги товари шесте пратеници за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, за време на насилството во Собранието на 27 април годинава. 

Слично

Поврзани вести