Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукоски: Дојдете, ќе ве примам на кафе

Мукоски: Дојдете, ќе ве примам на кафе


Исклучениот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, за МКД.мк денеска изјави дека ќе ги прими дома посетителите од „Македонија Блокира“ кои за денеска најавија протест пред неговиот дом во Вевчани.

Тој вели дека е позитивно изненаден и дека по 11 месеци ќе се сретне како домаќин со нив.

„Многу им благодарам и позитивно сум изненаден што им текна по 11 месеци да ме видат. Се разбира, во мојот дом ќе испиеме кафе, ќе бидат послужени со благо. Нема никаков проблем“, изјави за МКД.мк пратеникот Мукоски.

Партии, организации и здруженија на движењето „Македонија Блокира“ откако произлезе од „Македонија Бојкотира“ најавија блокади на патишта, собири пред собрание и протести пред домови на пратеници, а посетата кај Мукоски за денеска е нивната „прва акција“. Од таму најавија и дека ќе му врачат протестно писмо на пратеникот кој ги отвори портите на Собранието на 27 април за да влезе толпата, а на 19 октомври беше ослободен од куќен притвор за да гласа за отворање на уставните измени на собраниската седница и да обезбеди со својот глчас двотретинско мнозинство.

„Не можам предвреме да зборувам, да го видам прво писмото, па потоа би го коментирал. Но, ќе им кажам дека писмото е на погрешна адреса“, изјави Мукоски без да коментира на која адреса требало да се упати тоа протестно писмо.

Од движењето „Македонија Блокира“ следно најавуваат протест в сабота пред домовите на другите двајца пратеници кои беа ослободени од куќен притвор за да гласаат а истовремено и двајцата живеат во Охрид - Сашо Василески и Љубен Арнаудов.


Слично

Поврзани вести