Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукоски бара лидерска и избори

Мукоски бара лидерска и избори

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, денеска во Собранието побара да се организира лидерска средба за да се решат сите прашања и да се постигне компромис. 

Тој смета дека потоа да се организираат нови избори. 

„Се уриваат рекорди по број на денови и по бројност при изразување незадоволство од платформата со која е уценет СДСМ. Сакам да упатам апел за разум, за одржување лидерска средба, за сите лидери да седнат на маса и да решат за доброто на државата, да се отворат сите прашања и да се решаваат со компромис и да се постигне компромис, а потоа да се одржат нови избори за граѓаните да решат“ – рече Мукоски.

Денеска е 17-то продолжение на конститутивната седница. 

Слично

Поврзани вести