Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухиќ вели дека не е можно ВМРО-ДПМНЕ повеќе да го сака народот од другите

Мухиќ вели дека не е можно ВМРО-ДПМНЕ повеќе да го сака народот од другите

Бројката на Албанци кои гласаа за партија од македонскиот блок е показател за интегративен процес, а не за деструктивен,  изјави пратеникот Ферид Мухиќ откако од собраниската говорница ги покажа бројките како гласале припадниците на бошњачкото малцинство во Македонија, во корист на СДСМ.

Според него, не е можно ВМРО-ДПМНЕ повеќе да го сакаат народот од другите. 

Мухиќ повика да прекине непочитувањето на Собранието и да прекине бесконечното реплицирање и контрареплицирање што ја одолговлекува дебатата. 

„Немате право да тврдите дека вие повеќе го сакате македонскиот народ од другите. Апелирам час поскоро да се избере претседател на Собранието“ – рече Мухиќ.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, во контра реплика кажа дека недостасуваат факти, затоа што обидот да се формира парламентарно мнозинство се базира на закон за јазици, а никој досега го нема видено тој предлог-закон.

Димовски рече дека и во Албанија се води политика СОРОС и анти СОРОС. Според него, на 28 декември излегло дека албанскиот премиер Еди Рама прави платформа за во Македонија. Димовски вели дека има многу изјави за платоформата и менувањето од платформа во декларација создава незадоволство кај граѓаните. 

Слично

Поврзани вести