Мухиќ: Уште сум против договорот, но не може да има подобар
Независниот пратеник од владеачката коалиција, Ферид Мухиќ, во ТВ-емисијата „24 Отворено“ истакна дека преспанскиот договор за него се уште е лош, но сепак прифатлив, затоа што, како што вели филозофот, не може да има подобар.
„Договор со Грција е лош и горчив, но подобар не може да има. Јас сум на истите позиции кои ги имав и пред 27 години, против било каков вид на преговори за промена на државното име. Никогаш ниту една држава не била изложена на такво нешто. На барање на друга држава да се смени на една каков во овој случај е апсолутно неприфатливо“, го коментираше професорот договорот од преспа помеѓу Скопје и Атина кој бара уставни измени.
Вчера заврши вториот ден од расправата за отворањето на уставните амандмани, а истата може да трае најмногу 10 дена.
„Јас сметам дека не може да има добар договорот ако истиот завршу со промена на името. Дури и да го прифатат она кое ќе го предложиме ние самите, пак не е добро. Јас бев единствениот кој гласаше против и мислев да останам на таа позиција до крај. Овие преговори за жал, се претворија во џокер за политичките елити“ - изјави Мухиќ.
Токму поради тоа, во меѓувреме самите настани влијаеле тој да го промени ставот и да има „рационална“ одлука пред гласањето.
- Ниту една политичка опција не кажа некогаш дека треба да се прекинат преговорите. Македонија го потпиша договорот и не може да излезе од ова, зошто презела обврска. Наредната влада ќе биде соочена од меѓународната заедница со истиот ултиматум или нема да има разговори. Сега треба тој џокер да им се одземе на политичките елити. Ако сега не се реши прашањето, тогаш во иднина би се решил на многу полош начин, смета професорот Мухиќ.
