Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mухиќ: Проблемот е да ги поведам и 20.000 луѓе ризикувајќи дека можеби грешам

Mухиќ: Проблемот е да ги поведам и 20.000 луѓе ризикувајќи дека можеби грешам

Пратеникот Ферид Мухиќ денеска во Собранието изјави дека oна што е пред нив е нешто за кое вреди да се жртвува животот. 

„Проблемот е да ги поведам и 20.000 луѓе ризикувајќи дека можеби грешам, не е така лесно“ - рече Мухиќ. 

Тој ова го објасни со фактот дека зад еден пратеник стојат околу 20.000 граѓани, односно гласачи. 

Вели дека проблем е дали овој Договор е добар или лош, и која е пораката од референдумот. 

Рече дека од прв ден рекол дека не смеат да се почнат преговорите, но тоа е негово приватно убедување, тврди тој. 

Мухиќ вели дека ова е горчливо прашање и дека Договорот е лош. 

За пратеникот ова е унилатерален Договор, затоа што јужниот сосед бара промена на име. 

„Ова е страшно за поделби во малата и горда Македонија“ - рече Мухиќ.

Според него, ако оваа Влада не потпише, следна Влада ќе мора да го потпише. 

Но, Мухиќ смета дека кога потрезвено ќе се види, овој Договор има и предобивки, а според него, граѓаните се веќе очајни и сакаат да се продолжи кон евроинтеграциите. 

Сепак, тој рече на крајот дека ќе гласа „за“. 

Слично

Поврзани вести