Мухиќ: Јас сум против Договорот веќе 27 години
Независниот пратеник од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ за „Нова ТВ“ изјави дека не се согласува со Договорот од Преспа и дека 27 години е против таков тип на договарање.
Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ гласаше против Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Грција и Македонија да се донесе по скратена потапка. Мухиќ гласаше за дневниот ред на седницата.
„Јас сум против Договорот и таков став имам веќе 27 години. Затоа гласав против“, кажа Мухиќ за НОВА ТВ.
На прашање дали ќе гласа против и за ратификација на Договорот, рече „ќе видиме“.
За Договорот да се носи по скратена постапка, гласаа 69 пратеници од власат, а 40 беа против. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата.
