Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухиќ го брани Иванов и е иритиран од однесувањето на Хан

Мухиќ го брани Иванов и е иритиран од однесувањето на Хан

Сакам сосема кратко да изразам еден вид протест во одбрана на достоинството на сите наши институции во државата, изјави денеска на собраниска седница пратеникот, Ферид Мухиќ.

Имено, на Македонија ѝ е потребно и има неприкосновено право за меѓународно почитување, Мухиќ. 

„Иритиран сум од вчерашната арогантна изјава на Јоханес Хан на сметка на претседателот на една самостојна, суверена држава Република Македонија. Не може да дели лекции никој на претседатели на држави без оглед каков е ставот. Тоа е суверено право на институциите и граѓаните на таа држава и вакво непримерено делење лекции јавно го покажува неговиот став кон Македонија, со оваа изјава покажа минимум почитување односно никакво почитување и мислам дека мораме да се залагаме за достоинството. Ако треба ќе бидеме ние најголеми критичари на секој наш претставник, но апсолутно не смееме да допуштиме нерушување на нашето достоинство и суверенитет“- вели Мухиќ.

Пратеникот побара поддршка од колегите пратеници и рече дека не смее да се нарушува суверенитетот и достоинството. 

Слично

Поврзани вести