Мухиќ: Димовски тврди дека тие се победници, а победникот бара реванш
Пратеникот на СДСМ, Ферид Мухиќ денеска во Собранието им порача на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се одлучат дали се победници или поразени, затоа што победниците не бараат реванш.
„Навредите лошо зборуваат за тој што ги кажува. ВМРО-ДПМНЕ е главен фактор за стопирање на Собранието, бидејќи не им е од интерес седницата да оди набрзина. Илија Димовски тврди дека тие се победници, а СДСМ опозиција. Ова е прв пат победникот да бара реванш“- вели Мухиќ.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ бара да се распушти Парламентот веднаш и да се оди на нови избори.Димовски кажа дека тие се за предвремени заеднички локални и парламентарни избори како излез, за да се спречи политичка измама.
Денеска е 12- то продолжение на конститутивната седница во Собранието.
Слично
