Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухиќ: Целта очигледно беше да се убијат Заев, Села и уште неколкумина

Мухиќ: Целта очигледно беше да се убијат Заев, Села и уште неколкумина

Пратеникот и универзитетски професор Ферид Мухиќ, во интервју за Ал Џезира Балкан вели дека целта на нападот на пратениците во Собранието била во земјата да се воведе вонредна состојба, за која веќе имало подготвено сценарио.

„Целта очигледно беше да се убијат двајца или тројца, пред сè, Зоран Заев, Зијадин Села и уште неколкумина, да се обезбеди појава на голем конфликт и да се овозможи воведување на вонредна состојба, која веќе беше подготвено сценарио“- изјави Мухиќ.

На прашањето дали може да дојде до ескалација на ситуација, па дури и до војна, Мухиќ вели дека тоа е малку веројатно, но не и целосно исклучено.

„Веројатно затоа што новиот претседател на Парламентот, Талат Џафери од ДУИ, официјално ги презеде сите овластувања на поранешниот в.д. претседател, Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ, што е многу важен, јас би рекол, одлучувачки чекор кон стабилизација. Второ, затоа што граѓаните кои ја поддржуваат промената на власта, и кои се огромно мнозинство, останаа смирени, и Македонци и етничките Албанци, чии пратеници беа најтешко повредени. Сепак, оваа власт е способна за буквално сè, и сите важни лостови на власта, сѐ уште делумно се под нивна контрола“ - додава Мухиќ. 

Мухиќ пред нападот претседаваше со седницата како најстар пратеник. На оваа седница Талат Џафери од ДУИ беше избран за нов претседател на Собранието, а во средата официјално започна да ги извршува своите должности. 

Слично

Поврзани вести