Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухиќ: Со договорот се бришат сите етникуми во Македонија

Мухиќ: Со договорот се бришат сите етникуми во Македонија

Како сум можел да гласам „за“ договорот, кога во моментот не ни бев во Собранието, одговори независниот пратеник Ферид Мухиќ синоќа во интервју за Канал 5 на тврдењето дека според собраниските служби тој гласал „за“ договорот со Грција. 

Според Мухиќ, со договорот се бришат сите етникуми во Македонија, не само Македонците, туку и Албанците, Турците, Власите, Ромите…

„Целта на промената на името е прекројување на границите на Балканот и јасно разграничување на муслиманите и христијаните. Премиерот Зоран Заев бил храбар што конечно ги дотуркал работите до тука и штом прифатил ваков договор, тоа значи дека бил принуден на тоа. За промена на име не треба ниту граѓаните да излегуваат на референдум. Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет“- рече Мухиќ.

За Мухиќ некои точки во договорот носат кон бришење на македонската нација. 

Слично

Поврзани вести