Мухамед Зекири објави фотографија со Заев на мотор, и упати порака
Генералниот секретар во Владата, Мухамед Зекири на Фејсбук напиша, Game change (Играта се менува) откако на собраниската седница на која треба да се гласа недоверба на Владата е соопштено дека има 60 пратеници.
Денес фалеше еден пратеник за да има кворум. Зекири алудира на пораката што ја прати лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Скопје, кога најавуваше промени во партијата. Инаку, опозициските партии велат дека целта им е до полноќ да ја срушат оваа власт. Неизвесно е што ќе се случува до крајот на денот.

Слично
