Мухамед Зекири објасни зошто Заев е разочаран и тешко дека ќе се премисли за оставката
Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири за косовски медиум вели дека премиерот Зоран Заев е многу разочаран и тешко дека ќе се премисли за оставката.
Тој во изјава за косовската агенција Косова прес, вели дека сѐ се очекува да се разјасни во следните денови, кога Заев ќе ја предаде оставката во Собранието. Според него, не само партнерите од коалицијата, туку и „пријатели од меѓународната заедница“ се обидуваат да го убедат Заев да ја повлече оставката. Но, Зекири вели дека Заев е разочаран од резултатот од локалните избори и од неотворањето на преговорите за членство на земјава во Европската унија.
Заев во недела вечерта си поднесе оставка, незадоволен од изборните резултати. Според најавата од неговиот кабинет, оставката наскоро ќе се ефектуира.
