Мухамед Зекири, неговата сопруга и малолетната ќерка се хоспитализирани
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес - конференција потврди дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и малолетната ќерка се хоспитализирани со коронавирус.
Тој додаде дека сите контакти од тој т.н. кластер се тестираат и дел од резултатите се готови.
Зекири и семејството се во добра здравствена состојба, стабилна форма на болеста, само со висока температура.Во Македонија поради зголемениот број на заразени, власта го врати полицискиот час.
Слично
