Мухамед Зекири ги повика имамите да не молчат, а распали по поглаварот на ИВЗ
Пратеникот Мухамед Зекири преку социјалните мрежи ги повика имамите да не молчат бидејќи на тој начин ги охрабруваат постапките на како што ги нарече „Резил“ улема Сулејман Реџепи.
„За ваков “човек” каков што е Резил улема Сулејман Реџепи не е потребно да сте толку внимателен оти тој не заслужува никакво внимание, ниту почит од никого во нашава земја, вклучително и муслиманските верници кои за жал тој криминалец и нечовек и натаму ги претставува-пишува пратеникот.
Зекири понатаму посочува дека „Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со Калашникови, со закани и сеење страв, нешто што безброј пати до сега сум го посочил. Повеќе од 10 години трае неговото самоволие во таа институција. Иако е најповикан да постапува во склад со тоа на што нè учи ИСЛАМОТ, имено да биде праведен и да ги почитува различностите, тој го прави токму спротивнот“.
„Тоа што тој го прави со години, мене искрено не ме зачудува. Прво им се чудам на имамите и членовите на највисоките тела на ИВЗ кои продолжуваат да замижуваат на сето она што овој “човек” го прави, и натаму молчат како кукавици и се се плашат од овој “човек”.
Почитувани имами, охрабрете се, не молчете, СРАМОТА е тоа да го правите и со вашиот молк да ги одобрувате постапките на Резил улема Сулејман Реџепи.
СРАМОТА е пред верниците, а пред сè пред Алах (Бога) да го одобрувате тоа што не го одобрува верата на која припаѓате и која ја проповедате пред верниците“, вели Зекири потенцирајќи дека сега на потег е ЈО а поглаварот мора да одговара за ширење на омраза.
