Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухамед Зекири да биде спроведен со полиција, Кривичен суд – Скопје издаде наредба

Мухамед Зекири да биде спроведен со полиција,  Кривичен суд – Скопје издаде наредба

Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамет Зекири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.

„По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот.  Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, велат од Кривичен суд – Скопје.

Основното јавно за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против Мухамет Зекири заради постоење основано сомнение за сотрено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Слично

Поврзани вести