МУХАМЕД ХАЛИЛИ: На наредните избори граѓаните ќе му кажат на Мицкоски - нема да гласаме за тебе, поради прифаќањето на терминот Северна
Мухамед Халили, поранешен амбасадор, смета дека граѓаните кои на овие избори гласале за ВМРО-ДПМНЕ, на наредните избори нема да гласаат за таа партија, бидејќи се разочарани од неговата изјава дека „новото име на државата Северна Македонија е реалност, која ако не се почитува, ќе има проблеми со институциите, односно судството и обвинителството“.
Според Халили, оваа изјава е добра за државата, но ќе биде лоша за ВМРО-ДПМНЕ.
Ова поранешниот амбасадор Халили го каѓа на емисијата 24 Анализа, на телевизијата 24.
„Веќе на наредните парламентарни избори, тие граѓани ќе му кажат на Мицкоски нема да гласаме за тебе затоа што имавме различна слика пред локалните избори“, смета Мухамед Халили.
Поранешниот амбасадор смета дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле тешка грешка со свечените изјави со Република Македонија.„Ние сме должни да го почитуваме Преспанскиот договор и секое понатамошно поигрување со името на државата ќе придонесе до последици. ВМРО-ДПМНЕ е оштетена со овие изјави. Тоа е лоша работа за државата“, вели Халили.
