Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухамед Аљи ќе биде замена за Стојанче Ангелов во ЦУК

Мухамед Аљи ќе биде замена за Стојанче Ангелов во ЦУК

Откако Стојанче Ангелов објави дека заминува на челната позиција на Дирекцијата за заштита и спасување, Мухамед Аљи е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Владата го назначи Ангелов на оваа функција на местото на Џеват Селами од Коалицијата „Вреди“, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март со 62 жртви.

Ангелов по малку на шеговит начин порача дека на Аљи ќе му биде тешко да ја замени неговата енергичност на директорското место.

„Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде сè од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи. За заменик-директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008. Моментално е на позицијата помошник-раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање“, изјави Ангелов.

Лидерот на „Достоинство“ и подоцна порача дека сепак очекува од неговиот наследник достоинствено да го замени.

„Кризниопт менаџмент е комплексна материја која не може да се научи оддеднаш, но тој работеше овде во ДЗС и тоа ќе му помогне да се снајде полесно“, порача подоцна тој.

Слично

Поврзани вести