Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухамед Али Јашари, матурантот кој загина спасувајќи другар Македонец на листата на нови имиња на улици

Мухамед Али Јашари, матурантот кој загина спасувајќи другар Македонец на листата на нови имиња на улици

Мухамед Али Јашари - името на овој херој е на листата на имиња на улици, плоштади мостови која ја објави Град Скопје а со која ќе биде дополнет постоечкиот регистар на имиња. Али Јашари загина на 8 април 2011 година бранејќи го неговиот другар Македонец при тепачка во нивното училиште.

„Неговиот подвиг е долг за општеството и редок чин на човечка храбсрост, стои во образложението на новаат листа називи на улици.

Приказната тогаш одекна во јавноста - Мухамед Али Јашари во тоа време беше матурант. Почина поради удар од камен во градите во дворот на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“. Според обвинението, Јашари го изгубил животот во обид да му помогне на својот другар кој влегол во тепачка со три други лица на возраст од 17 до 19 години против.

Во мај 2013 година беше донесена првостепена пресуда со која првообвинетиот Петар Маневски доби 13 години затвор за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици, второбвинетиот Стефан Гелов доби 4 месеци затвор за за загрозување со опасно орудие при тепачка и караница, а за тогаш малолетниот Доријан Тасевски, согласно Законот за малолетничка  правда постапката беше запрена бидејќи тој веќе издржуваше 2- годишна затворска казна за тешка кражба во малолетничкиот затвор во Охрид. 



Слично

Поврзани вести