Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски за реформите: Најдобар судија е времето, а времето ќе покаже кој ќе биде во право

Муцунски за реформите: Најдобар судија е времето, а времето ќе покаже кој ќе биде во право

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија, за реформите рече дека нивната реализација не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати. 

„Прашањето дали се спроведуваат реформи не е субјективно гледиште, туку мерлив показател за тоа што го реализира Владата. Најдобар судија е времето, а времето ќе покаже кој ќе биде во право“, изјави Муцунски.

Во таа насока посочи дека поради локалните избори реформскиот процес привремено бил забавен, но по нивното завршување е евиденто сериозно раздвижување.

„Нашата држава има ригидни правила поврзани со изборните процеси, поради што реформите во одреден период беа ограничени. Но, веднаш по завршувањето на изборите има сериозно раздвижување во многу области. Нашата цел е до завршување на овој период, поврзан со Реформската агенда и Планот за раст, да бидеме лидер во регионот“, истакна министерот.

Муцунски информираше дека Планот за раст на Европската Унија предвидува средствата што нема да ги искористат другите земји да бидат прераспределени кај оние кои успешно ги спроведуваат реформите, што претставува дополнителна мотивација и цел на владата.

Евроамбасадорот Михаил Рокас потврди дека има уште 10 чекори што треба земјава да ги исполни до јуни, кои, како што рече, се во рамките на грејс периодот.

фото Фејсбук/Тимчо Муцунски

Слично

Поврзани вести