Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ ЗА БУГАРИЈА: Со блокирањето на нашиот евроинтегративен пат, тие се негативен чинител во регионот

МУЦУНСКИ ЗА БУГАРИЈА: Со блокирањето на нашиот евроинтегративен пат, тие се негативен чинител во регионот

Според македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, Бугарија навлезе во руски наратив кој има за цел дестабилизација на регионот. Ова го кажа во интервју за Тв 21. 

Муцунски рече дека денешниот ден е историски, затоа што силно мнозинство го потврдило она што на нас ни е значајно. 

„Со блокирањето на нашиот евроинтегративен пат, тие се негативен чинител во регионот, наместо да бидат позитивен чинител“, изјави Муцунски.

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот за Северна Македонија во кој се повикуваат властите во Скопје да воведат уставни измени и да го зајакнат владеењето на правото и борбата против корупцијата. 

Слично

Поврзани вести