Муцунски: Во Дубаи чекаат уште 430 граѓани, летовите ќе бидат бесплатни
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција брифираше дека во Дубаи има уште 430 македонски државјани кои чекаат евакуација и дека до крајот на неделата ќе има уште два лета од таму.
Муцунски очекува да има и странски државјани во летовите. На вчерашниот лет не се појавиле 14 лица иако било договорено тие да пристигнат на аеродромот. Шефот на македонската дипломатија нагласи дека на македонските граѓани нема да им се наплаќа за обезбедените авиолетови.
- Одлучивме за разлика од минатотот и од тоа што го прават многу други земји, оваа услуга да не ја наплаќаме од нашите граѓани. Државниот систем е создаден за во вакви ситуации да им излегува во пресрет на граѓаните. Ова не му го посакувам на никому да му се случи а државата треба да помага кога некаде има криза. Тогаш не треба да очекува граѓаните да ги надоместуваат трошоците од ваков тип, рече тој.
Министерот брифираше дека од Израел по копнен пат се извлечени шест лица со владин авион, а за други шест се асистирало за трансфер со комерцијален лет.
Во Доха чекаат 169 лица, во Кувајт пријавени се 36 лица, Бахреин 15 лица, Саудиска Арабија пет лица, а Муцунски посочи дека во текот на оваа недела ќе следува директен лет од Ријад
