МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција
ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ се блиску до договор за составување на Влада.
„Местото на ДУИ е во опозиција, тоа што го ветивме го реализираме. Блиску сме до договор со ВРЕДИ, не можам да кажувам детали, но извесно е дека сме блиску до конечен одговор“, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител.
Околку бројот на пратеници во Собранието, Муцунски кажа дека извесно е дека ќе имаат повеќе од 70 пратеници, а постои можност владината коалиција да има и 80 пратеници.
За тоа дали ЗНАМ ќе биде дел од новата Влада, Муцунски рече дека комуникацијата не треба да се води преку јавноста.
Слично
