Муцунски телефонски ја повика на средба министерката за надворешни работи на Бугарија
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави дека остварил телефонски контакт со министерката за надворешни работи, Надежда Нејнски, во обид да се затоплат замрзнатите македонско-бугарски односи.
Македонскиот шеф на дипломатијата наедно информира дека ја поканил колешката од Бугарија на средба во наредниот период.
„Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата.
Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.
Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период“,објави Муцунски.

Слично
