МУЦУНСКИ: Софија е влезена во опасен наратив
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вели дека Софија е влезена во опасен наратив, спротивен на стратешките интереси на ЕУ и НАТО. Тој денеска ја повика Бугарија да се однесува рационално.
Муцунски изјави дека никој од официјалните државни претставници и никаде, не употребил говор на омраза кон Бугарија и дека е срамота во 21 век, сосед, кој е членка на ЕУ, да ја користи позицијата како алатка за редефинирање на македонскиот идентитет.
„Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши сили се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земји“, рече Муцунски.
Шефот на дипломатијата повтори дека владата нема да отстапи од црвените линии.
