МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНА СО РУБИО: Сојузниците во НАТО треба да потрошат 5 отсто од БДП за одбраната
Државниот секретар на САД, Марко Рубио денеска на средба со македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски во Вашингтон ја нагласил „потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да остварат пет проценти за одбранбени трошоци“, соопшти Стејт департментот.
Министерот Муцунски во објава на Фејсбук за средбата меѓу другото вели дека со Рубио размениле мислења и за „безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што продолжуваме да даваме активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор“.
Тој рече и дека разговарале и за можностите за натамошно продлабочување на трговските односи, „постигнувајќи значаен исчекор во правец на намалување на царините и започнување процес за потпишување Договор за слободна трговија“.
фото Фејсбук/Тимчо Муцунски
