Муцунски се сретна со Герапетритис во Атина
Министерот з анадворешни работи Тимчо Муцунски денеска одржа работна средба со шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, во Атина.
- Денеска во Атина имав одлична и конструктивна средба со мојот грчки колега, министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис.
Разговаравме за билатералната и регионалната соработка, унапредувањето на политичките и економските односи меѓу двете земји, потенцијалот за нови инвестиции и проширување на енергетската соработка. Во фокусот беше и нашиот евроинтегративен пат.
Солидарноста, партнерството и меѓусебната почит се темел за посилни врски. Заеднички ја потврдивме посветеноста на понатамошно унапредување на односите, важноста од почитување на меѓународното право, партнерството во рамките на НАТО и соработката во мултилатералните организации, објави Муцунски.
Слично
