МУЦУНСКИ СЕ СЛУШНА СО ИЗРАЕЛСКИОТ КОЛЕГА: Oткри за што разговарале
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево телефонски разговораше со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Во разговорот беше реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави(САД) и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето.
Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет.
Слично
