Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски: САД укажаа дека дипломатијата е прва опција, но дека одвраќањето останува неопходно кога постојат ризици

Муцунски: САД укажаа дека дипломатијата е прва опција, но дека одвраќањето останува неопходно кога постојат ризици

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа Икс изрази јасна поддршка за сојузничката координација во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, нагласувајќи ја важноста од заеднички пристап во одржувањето регионалната безбедност и стабилност.

„Стоиме со нашите американски сојузници во соочувањето со заканите кои ја поткопуваат стабилноста на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави јасно укажаа дека дипломатијата е секогаш прва опција, но дека одвраќањето останува неопходно кога постојат кредибилни ризици“, наведува Муцунски.

Тој додаде дека безбедноста, стабилноста и одговорноста се меѓусебно поврзани и претставуваат основа за долгорочен мир и предвидливост во регионот.

Министерот информираше дека дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во регионот се во активна комуникација и ангажман, со цел поддршка и асистенција на македонските државјани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и целосна конзуларна заштита.

Во моментов девет лица – македонски државјанин – официјално побарало асистенција за евакуација од Израел.

Израел и САД утрово го нападнаа Иран, а Иран врати со напади на Израел и на американските бази на Блискиот Исток. Иранските медиуми тврдат дека има цивилни жртви. 

фото Фејсбук/Тимчо Муцунски
Слично

Поврзани вести