Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски разговарал со бугарската колешка за запалените возила во Скопје

Муцунски разговарал со бугарската колешка за запалените возила во Скопје

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски денеска телефонски разговарал со бугарската колешка Велислава Петрова-Чамова за заплените возила пред бугарската амбасада во Скопје. 

Муцунски најостро го осудил инцидентот што се случи денеска. Тој информирал дека надлежните институции веќе преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.

Бугарското МНР го осуди инцидентот и побара расчистување, а бугарските медиуми објавија снимка од возилата.

Слично

Поврзани вести