Муцунски: Прво гаранции и спроведени пресуди од Софија, па отстапки кон Бугарија
Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски рече дека не е преголем оптимист за подобрувањето на дипломатските односи со Бугарија и деблокирањето на евроинтеграциите по првата средба со Велислава Петрова - Чамова, шефицата на бугарската дипломатија.
Тој и денеска ги повтори позициите дека Македонија во моментов не е подготвена за отстапки се додека не добие соодветни гаранции за влез од ЕУ од Европскиот совет и додека официјална Софија не ги спроведе пресудите на меѓународниот суд за човекови права. Муцунски вели дека последната средба со неговата бугарска колешка не остава многу простор за оптимизам.
- Мора да ви кажам дека по првата средба со мојата колешка, не би рекол дека сум преголем оптимист. Но истоврмеено јас сметам дека поо природата на мојата позиција јас морам да бидам оптимист, така да во овој момент не чувствувам дека во овој момент доаѓа позитивна атмосфера од Софија, тоа е можеби затоа што се работи за почеток на мандат, но наша работа како влада е да градиме позитивна атмосфера и меѓусебна доверба, рече Муцунски.
