Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски прими на средба Македонци со забранет влез во Грција

Муцунски прими на средба Македонци со забранет влез во Грција

Министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски прими делегација на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија предводена од координаторот на здруженијата Сотир Лукровски на разговор за проблемите со кои се соочуваат при обидите за влез во Грција со цел посета на нивните корени и вековни огништа.

Поголем број од активистите на овие здруженија имаат забрана за влез во Грција, за што тие сметаат дека со тоа се врши прекршување на нивните човекови права и слободи. 

Тие во разговорот со министерот побарале поддршка и правни појаснувања за понатамошна соработка со министерството во постапките пред грчките и европските институции, како и соработка со грчкото преставништво во земјава.

„Имавме одличен прием и разбирање од министерот Муцунски со што продолжува нашата соработка, изразуваме огромна благодарност до него и до оваа влада за помошта, отвореноста и поддршката која ни ја укажуваат во континуитет”, изјави координаторот на здруженијата Сотир Лукровски.


Слично

Поврзани вести