Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски повеќе не е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Муцунски повеќе не е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

По укинувањето на функцијата потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски е именуван за член на Извршниот комитет на партијата. Тој преку јавно обраќање се заблагодари за укажаната доверба и најави дека ќе продолжи со истата посветеност во партиското дејствување.

Муцунски упати благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до членовите на Централниот комитет и до членството на партијата, посочувајќи дека членството во Извршниот комитет претставува чест, но и сериозна одговорност.

Тој нагласи дека и во досегашниот период, како потпретседател, бил целосно ангажиран во партиската работа и дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во важен политички циклус, во кој од опозициска партија прераснува во владејачка, и на локално и на централно ниво.

Според Муцунски, новата организациска поставеност во партијата треба да донесе дополнителна енергија и поголема внатрешна кохезија, а тој и понатаму ќе придонесува во реализацијата на програмските цели и политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој оцени дека силна и стабилна партија е предуслов за силна и стабилна држава и дека новиот состав на Извршниот комитет ќе придонесе за поефикасно политичко дејствување во интерес на граѓаните и заштитата на националните интереси.


Слично

Поврзани вести