ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МУЦУНСКИ ОТВАРА НЕПОТРЕБЕН ЕТНИЧКИ ФРОНТ“: Османи му возвраќа на министерот за надворешни работи

„МУЦУНСКИ ОТВАРА НЕПОТРЕБЕН ЕТНИЧКИ ФРОНТ“: Османи му возвраќа на министерот за надворешни работи

Во начелата и принципите на Охридскиот мировен договор е пресликан современиот модел на соживот и функционалната унитарност на земјава. Функционалноста на мултиетничката демократија подразбира почитување на договореното во Охрид: од принципите (духот на договорот), до неговите механизми како што се Бадентер, правичната застапеност (Балансер), засилена децентрализација, јазичната артикулација итн.

Оној што не ја разбира, или не сака да ја прифати оваа реалност, директно удира во темелите на современата државност, кои се нашироко прифатени не само во земјава туку од нашите стратешки партнери како што се САД и ЕУ.

Ние сме се договориле дека на основ на граѓанските индивидуални права, ќе изградиме систем, со механизми и процедури, со кои ќе ги негуваме и унапредуваме и колективните права на заедниците. Оттаму е и правото на немнозинските заедниците автономно да ги избираат свои легитимни претставници, и тоа да биде општествено вреднувано и почитувано. Вистинското вреднување на овој механизам не ја загрозува, туку ја зајакнува внатрешната кохезија како основно врзивно ткиво на унитарноста на државата.

Оваа Влада не влече храбри, туку неразумни потези, кои се во директен судир со долгорочните интереси на државата и на сите нејзини граѓани и тоа по сите нејзини клучни сегменти. Изјавата на Муцунски не претставува само погрешно разбирање на суштината на Охридскиот договор, туку делува и како обид за отворање на непотребен етнички фронт, во политички контекст кога ни е потребен суштински консензус за европското досие.

Охрид не е проблемот – Охрид е решението. Исто како и Преспа, исто како и Договорот за пријателство со Бугарија. И уште еднаш – тој што не го разбира тоа или не сака да ја прифати таа реалност директно и наштетува на иднината на земјата.


ad
Слично

Поврзани вести