Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ: Одложеното дејство на уставните измени е рационален пристап

МУЦУНСКИ: Одложеното дејство на уставните измени е рационален пристап

Mинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вели дека одложеното дејство на уставните измени е еден од клучните фактори за нас.

„Сметаме дека тоа е рационален пристап, којшто на нас ќе ни даде чувство на сигурност дека нема повторно да имаме билатерализација од страна на Бугарија, но исто така треба да зборуваме и за реципроцитет, не од уставно правна гледна точка, туку за реципроцитет во однос на почитувањето на малцинските права кај нашиот сосед“, изјави Муцунски.

Тој во интервју за Сител потсети дека во претходниот период овие идеи ги промовираат и во комуникација со сите клучни партнери на државава, како статешките партнери, така и со партнерите од земјите-членки од ЕУ.

Слично

Поврзани вести