Муцунски: Ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја поздрави акцијата на САД во која е заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Муцунски, во објава на неговиот профил на социјалната мрежа Икс вели дека е за поздравување тоа што Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.
„Ја поздравувам објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата“, пишува Муцунски.
Тој упатува пофални зборови и за државниот секретар Марко Рубио за, како што вели, неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.

„Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, додава Муцунски.
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се на американски воен брод кој патува за Њујорк.И соседно Косово даде поддршка на акцијата на САД во Венецуела.
фото X
Слично
