Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски: Нема договор со Британија за бегалски кампови

Муцунски: Нема договор со Британија за бегалски кампови

Откако вчера поранешниот претседател Стево Пендаровски рече дека можно е да има обиди на Велика Британија да влијае во пониските ешалони на власта и да направи обид да отвори бегалски кампови во Македонија, се огласи шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера.

Ваквите шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за дневнополитички поени. Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност.

Ваквите изјави, за жал се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам“, тврди Муцунски.


Слично

Поврзани вести