Муцунски најави дека до петок Резолуцијата ќе биде поднесена во Собранието
Резолуцијата многу скоро ќе се најде пред народните избраници.
До крајот на неделата ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на Македонија. Ова денеска го најави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Вели дека донесувањето на оваа Резолуција е во интерес на сите граѓани.
„Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи. Очекувам Резолуцијата да биде поднесена во текот на утрешниот ден или најдоцна до крајот на неделата“, изјави Муцунски.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека целиот процес треба да започне од нула, затоа што според него од државна можеме да преминеме во етничка позиција. ДУИ бара оваа Резолуција да биде угогласена со сите партии. Со оваа Резолуција ќе се утврдат црвените линии во преговорите со Бугарија. Без поддршка од источниот сосед и отстранувањето на ветото, Македонија не може да ги почне преговорите со Европската Унија.
