Муцунски: Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.
Муцунски во објава на Икс истакна дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.
„Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на Тајната служба“, напиша Муцунски на мрежата „Х“.
Тој порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.
фото Фејсбук/Тимчо Муцунски
