Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски ја пречека претседателката на Индија која е во историска посета на Македонија

Муцунски ја пречека претседателката на Индија која е во историска посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски синоќа на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Индија Драупади Мурму.

Таа пристигнува во официјална посета на Република Македонија, во рамки на нејзината европска турнеја која ги опфаќа и Молдавија и Романија. Посетата има историско значење, бидејќи станува збор за прва официјална посета на индиски претседател на Македонија од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Вечерва, на скопскиот аеродром, ја пречекав претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на земјава.

Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји“, објави Муцунски.


Слично

Поврзани вести