Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен - кажа што очекува од средбата

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен - кажа што очекува од средбата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. 

Министерот истакна дека од денешните средби очекува потврда за поддршката за процесот не евроинтеграција.

„Очекувам на денешните средби да се потврди поддршката за европската интеграција на Западен Балкан и постепеното приближување на регионот кон единствениот пазар на Европската унија. Членството во Европската унија останува стратешки приоритет на македонската надворешна политика“, нагласи Муцунски.

Фон дер Лајен денеска ќе се сретна со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Претходно, таа беше во Албанија и Србија. 

Слично

Поврзани вести