Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ: Имаме индиции за финансиски злоупотреби најмалку во уште две ДКП-а

МУЦУНСКИ: Имаме индиции за финансиски злоупотреби најмалку во уште две ДКП-а

Освен ситуацијата во Постојаната мисија на ОН во Њујорк, имаме индиции за финансиски злоупотреби уште во најмалку две дипломатско-конзуларни претставништва на државава во странство, изјави вечерва министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Toj не кажа за кои амбасади се работи. 

„За жал, јас имам идентификувано уште неколку други случаи на непрофесионално работење, Морам да констатирам, во последните неколку недели утврдивме и неколку дополнителни случаи на сериозни недоследности“, изјави тој во интервју за Сител. 

На прашањето дали се остварени консултациите во МНР со амбасадорите Весел Мемеди, Љубомир Фрчкоски, Андреј Жерновски и Данчо Марковски, кажа дека се остварени консултации со тројца од нив. Објасни дека единствено со Фрчкоски не се остварени консултации, бидејќи, како што информира, тој отворил боледување.

Слично

Поврзани вести