Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ: Идентитетот е сложена категорија во овој регион, за жал и во 21 век се обидуваат да го оспорат

МУЦУНСКИ: Идентитетот е сложена категорија во овој регион, за жал и во 21 век се обидуваат да го оспорат

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека е жално во 21 век да се оспорува идентитетот.

„Идентитетот е, да, посебно во овој регион е сложена категорија. Да, за жал, и во 21 век уште е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да го оспорат. Но, за нас нема дилема дека историските личности како што се Делчев, Груев, Сандански се дел од нашиот идентитет како што се и прекрасните манастири, преубавите џамии кои што ги има на територијата на нашата држава“, изјави Муцунски.

Вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос во која таа рече дека идентитетот е врзан за традицијата со манастири, тавче гравче, пинџур полнети пиперки предизвика лавина реакции во јавноста. За многумина ова е навредливо. 

Слично

Поврзани вести