Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоизбраниот заменик – генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска за да и честита за остварената висока функција во редовите на Алијансата.

„Министерот Муцунски ѝ упати искрени честитки за изборот на оваа висока и значајна функција, која претставува признание за нејзиниот досегашен ангажман и потврда за меѓународната репутација на Република Северна Македонија како активна и посветена членка на НАТО“, објави министерството.

Во текот на разговорот, Муцунски изразил уверување дека улогата на Шекеринска ќе придонесе за дополнително зајакнување на Алијансата и унапредување на соработката меѓу земјите членки. Како што е напишано во соопштеноето, тој ја потврдил посветеноста на Македонија на заедничките цели и вредности на НАТО, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи да дава активен придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко.


Слично

Поврзани вести