Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ВАНДАЛИЗМОТ ВО ОПШТИНА АРЕРОДРОМ: Во нашата општина ова не смее да се случува

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ВАНДАЛИЗМОТ ВО ОПШТИНА АРЕРОДРОМ: Во нашата општина ова не смее да се случува

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на кого преку Фејсбук пост му се обрати досегашната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Откако утрово го пронајде нејзиниот автомобил запечатен со пур пена, го осуди вандализмот во нивната општина, посоичувајќи дека и досега реагирале до МВР укажувајќи им на неприсуството на терен и слабите контроли.

-Како градоначалник на Општина Аеродром и како граѓанин пред сè го осудувам овој вандалски чин. Во нашата општина ова не смее да се случува. Почитувана г-ѓа Јанчева, досега неколку пати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром и слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата и не добиваме никаков одговор. Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе сме горди. Ги повикувам институциите да преземат мерки, а ние ќе ги интензивираме нашите соработки со институциите за еден безбеден Аеродром за сите, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Аеродром.


Слично

Поврзани вести