Муцунски го осуди рускиот воздушен напад над детската болница во Киев
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски искажа осуда за рускиот воздушен напад на најголемата детска украинска болница во Киев.
„Остро го осудуваме рускиот напад врз детската болница во Киев како грозоморен чин на терор за кој сторителите мора да одговараат. Заедно со нашите НАТО сојузници и партнери и ќе продолжиме да ја поддржиме Украина додека не се обезбедат мир, стабилност и победа“, напиша Муцунски.
Најголемата детска болница во Украина е погодена во денешниот руски воздушен напад, чија мета беше и Киев. „Охматдит“ во Киев е најголемиот детски медицински центар во земјата. Министерот за здравство Виктор Љашко изјави дека се погодени одделенијата за интензивна нега и за лекување од рак.
Слично
