МУЦУНСКИ ДУРИ ДЕНЕС ЈА ПРЕЗЕМА МИНИСТЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ОД ОСМАНИ: Еве на што ќе биде акцентот на неговото работење
Утрово, во Министерството за надворешни работи извршивме примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи со мојот претходник, Бујар Османи, информираше новиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
„Во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата.
И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата.
Чест ми е да ја извршувам функцијата Министер за надворешни работи.“ напиша тој на фејсбук.
Слично
