Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ: Драги Ѓоргиев ги поткопува надворешно-политичките позиции на државата

МУЦУНСКИ: Драги Ѓоргиев ги поткопува надворешно-политичките позиции на државата

Драги Ѓоргиев ги поткопува надворешно-политичките позиции на државата, вели министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. 

Муцунски, изрази изненадување од однесувањето на претседателот на Комисијата со Бугарија, Драги Георгиев, со кое, како што рече се „поткопуваат надворешно-политичките позиции на државата“.

„Прилично сум изненаден што деновиве гледам еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира и додека е сè уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите. Со тоа се поткопуваат на надворешно-политичките позиции на државата. Ние, политичарите и министрите имаме легитимитет од страна на граѓаните да носиме политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа и искрено сум разочаран од таквиот пристап што го гледам деновиве“, изјави Муцунски.

Интересот на државата вели треба да биде на прво место. 

Слично

Поврзани вести