Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски беше на работна посета на Кралството Шведска.

„Во текот на денешниот и утрешниот ден престојувам во работна посета на Кралството Шведска – пријателска земја со која не поврзуваат одлични билатерални односи, стабилно партнерство и цврсти врски преку бројната македонска дијаспора.

Посетата ја започнав со црквата „Св. Наум Охридски“. Особена чест е што сум првиот министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија и остварил средба со претставници на македонската заедница во овој дел од Шведска. Средбата беше можност да ги слушнам нивните иницијативи и очекувања, да ги информирам за владините политики за јакнење на врските со дијаспората и да го потврдам нивниот значаен придонес во промоцијата на македонската култура и одржувањето на блиските односи меѓу двете земји.

Во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, во Трелеборг остварив и средба со македонски стопанственици кои успешно делуваат и инвестираат во Шведска. Разговаравме за економските потенцијали на нашата држава, можностите за нови инвестиции, како и за улогата на дијаспората во унапредувањето на економската и трговската соработка меѓу двете земји.

Утрешниот ден е резервиран за низа политички средби на високо ниво“, објави тој.



Слично

Поврзани вести